35.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Тотенхем го понуди ултрамодерниот стадион во борбата против Коронавирусот

Тотенхем го понуди новоизградениот ултрамодерен стадион на британската здравствена организација како приклучок во битката против Коронавирусот. Управата на клубот стапила во контакт со градските власти да се најде начин како да се употреби капацитетот на стадионот.

Местото кое е наменето за паркинг покрај стадионот веќе се користи како складиште за храна која се доделува на најпогодените од пандемијата, но Тотенхем сака да излезе во пресрет на уште еден начин. Следејќи го примерот на Реал Мадрид (Кралевите го пренаменија „Сантијаго Бернабеу“ како складиште за лекови и медицинска опрема) и доста други клубови, Тотенхем исто така сака да најде посебна примена за стадионот кој има капацитет од 62.000 седишта.

Во Велика Британија до денес се потврдени повеќе од 22.000 случаи на заразени од вирусот Ковид-19, додека над 1.400 луѓе ја загубија животната битка.

- Оглас -

Најнови вести