Тотенхем ги израдува домашните навивачи во Лондон, откако со 2:0 го победи Манчестер јунајтед. Мечот беше израмнет, имаше шанси на двете страни, но на крајот домаќините ги искористија и стигнаа до трите бода.
Сар донесе водство за лондонскиот тим со гол постигнат на почетокот на второто полувреме и тој погодок може да го видите ТУКА. Сите дилеми беа решени во 83 минута кога Лисандро Мартинез си постигна автогол.
Во германската Бундеслига, на Борусија Дортмунд доволно ѝ беше да постигне еден гол за да ги освои трите бода во дуелот против Келн. Милионерите беа неубедливи што се потврдува и по статистиката која вели дека упатиле само два удари во рамките на противничкиот гол. За нивна среќа, ударот на Донел Мален во 88 минута заврши во мрежата на Келн.