Тотенхем го претстави новото засилување Брајан Хил, младиот крилен играч кој доаѓа од Севилја за сума од 25 милиони евра. Репрезентативецот на У-21 тимот на Шпанија потпиша договор со Петлите до јуни 2026 година.
Хил е втора летна аквизиција на Петлите по позајмицата на италијанскиот голман Перлуиџи Голини од Аталанта. Хил има 20 години, Тотенхем добива играч кој допрва треба да го покаже својот потенцијал, иако собра искуство во Ла Лига играјќи за Ејбар како позајмен играч минатата сезона.
https://twitter.com/SpursOfficial/status/1419628883071152132
Во спротивна насока замина Ерик Ламела, искусниот креативец потпиша тригодишен договор со Андалузијците. Ламела по осум години си замина од Северен Лондон како миленик на навивачите на Тотенхем, а неговото искуство ќе биде добредојдено за Севилја, која повторно ќе атакува на топ 4 местата во шпанското првенство.
https://twitter.com/SevillaFC_ENG/status/1419628926566084610