Тотeнхем е подготвен да се раздели со фудбалерот кој го постигна голот што му го донесе последниот значаен трофеј на клубот. Бренан Џонсон беше стрелецот на победничкиот погодок против Манчестер jунајтед во финалето на Лигата на Европа, но сега се наоѓа пред заминување.
Според информациите на „Би-би-си“, челниците на лондонскиот клуб се обидуваат да го продадат велшкиот репрезентативец и се подготвени да го пуштат доколку пристигне соодветна понуда.
Најголем интерес за крилниот напаѓач покажува Кристал палас, иако неговата ситуација будно ја следат и други клубови. И самиот Џонсон е отворен за трансфер бидејќи го очекува настап на Светското првенство со Велс и сака поголема минутажа.
Минатата сезона Џонсон беше најефикасен фудбалер на Тотенхем во Премиер лигата со 11 гола. Неговиот погодок во Билбао засекогаш ќе остане запишан во историјата на клубот бидејќи стави крај на 17-годишниот пост без трофеј. Сепак, по доаѓањето на Томас Франк, неговата улога значително се намали и досега има само шест настапи како стартер во првенството.

