0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Тотенхем и Астон вила треба да ја прекинат традицијата која вели дека 24 меча по ред не одиграле нерешено

3003 Рома – Сасуоло (18 ч.)

Рома е единствената екипа во Серија А која сезонава нема ниту нерешен резултат, а сега сигурно на „Олимпико“ ќе атакуваат на три бодови против Саусоло кој е на 11 место на табелата. Сасуоло нема победа на последните пет меча во првенството, а и на последните три дуели со Римската волчица имаше три порази. Најчесто пресметките на овие ривали завршуваат со максимум три голови.

Предлог тип: 1&0-3 (2.22)

 

1807 Баер Леверкузен – Штутгарт (18:30 ч.)

Дуел на две екипи кои сезонава бараат позиција која ќе носи место во Лига на шампиони. Баер Леверкузен го има вториот најдобар напад во лигата, веднаш зад Баерн Минхен, но често прима и голови.

И Штутгарт е тим кој игра без многу калкулации, а интересна е традицијата која покаѓува дека на седум од последните 11 меѓусебни дуели имало четири или повеќе погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ4+ (2.21)

 

1305 Валенсија – Елче (21 ч.)

Валенсија нема победа на последните пет меча во првенството, а тимот е под притисок конечно да ја прекине оваа лоша низа, затоа што е во зоната за испаѓање. Елче игра солидно и собра 22 бодови за да биде во првата половина на табелата.

Традицијата вели дека Валенсија е голем фаворит, бидејќи има четири победи по ред против овој ривал.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.17)

 

5648 Алжир – Нигерија (17 ч.)

Дуел од четвртфиналето во африканскиот куп на нации меѓу две селекции кои победија на сите четири меча од овој турнир досега. Алжир на три од четирите меча на АКН не прими гол, додека Нигерија на овој турнир игра дуели со просек од четири гола и тоа во мрежите на двата тима.

Алжир ги доби последните три средби против Нигерија, а интересно е дека на четири од последните пет меѓусебни дуели имало погодоци на двете страни.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.30)

 

1187 Тотенхем – Астон вила (18:45 ч.)

Дерби во третото коло на ФА Купот. Тотенхем игра на свој терен, но Астон вила игра феноменално сезонава и има 12 победи во последните 14 меча во сите натпреварувања.

Неверојатна е традицијата која вели дека на последните 24 пресметки на овие ривали немало нерешен резултат и сега може оваа традиција да биде прекината.

Предлог тип: Х (3.35)

 

- Оглас -

Најнови вести