Тотенхем и Мурињо мораат на поправен во ФА Купот

Саутемптон и Тотенхем одиграа нерешено 1:1 во меч од 1/16-финалето во англискиот ФА Куп. Гостите од Лондон беа на прагот на победа и имаа водство со голот на Сон во 58 минута. Предноста на гостите беше се до 87 минута, кога Буфал донесе израмнување и радост за домаќините. Буфал немаше дадено гол цели 760 денови, а интересно е што и последниот погодок му беше против Тотенхем во декември 2017 година.

Тотенхем втор пат за помалку од еден месец гостуваше кај Саутемптон и втор пат си оди без победа. На 1 јануари во меч од првенството, Саутемптон се радуваше со 1:0. Сега во ФА Купот ќе мора да се игра уште еден меч, но овојпат на теренот на Тотенхем.

Во денешните мечеви од најстарото клупско натпреварување: Брендфорд – Лестер 0:1, Барнли – Норич 1:2, Ковентри – Бирмингем 0:0, Милвол – Шефилд јунајтед 0:2, Њукасл – Оксфорд 0:0, Портсмут – Барнсли 4:2, Рединг – Кардиф 1:1, Вест хем – ВБА 0:1.

 

- Оглас -

Најнови вести