Тотенхем и Палас одиграа лудо полувреме, еден гол беше поништен за офсајд со носот (Фото)

Кристал Палас води со 3-1 по првото полувреме на гостувањето кај Тотенхем, а на Палас му беше и поништен еден гол при 0-0, поради милиметарски офсајд кој го измерија во ВАР собата.

Исмаила Сар даде гол, но радоста му беше прекината од судиите. „Виновен“ за офсајдот беше неговиот нос.

Само една минута после овој поништен гол, Тотенхем поведе со 1-0. Сепак после црвениот картон на Мики Ван де Вен во 38-ма минута, Палас набрзина даде три гола и води на полувреме со два гола предност.

- Оглас -

Најнови вести