Тотенхем ќе има нов тренер, и тоа Австралиец со грчко потекло!

Според медиумите на Островот, Тотенхем веќе ја пронајде замената за Антонио Конте, кој пред два месеца си замина од Лондон, а во изминатиот период клубот од клупата го водеа неговите помошници.

Се работи за тренерот од Австралија со грчко потекло Ангелос Постекоглу, кој од Селтик ќе премине во Тотенхем. Ова би било најголем клуб кој ќе го води поранешниот селектор на Австралија бидејќи претходно во кариерата бил тренер само на клубови во својата татковина, потоа во Грција и Јапонија, а шкотскиот Селтик беше неговиот прв посериозен клуб каде што максимално ја искористи укажаната шанса.

 

- Оглас -

Најнови вести