Тотенхем ќе се засилува: Купува млад напаѓач за 50 милиони евра!

Лидерот на премиерлигашката табела, Тотенхем, веќе го пикираше своето прво засилување за зимскиот преоден рок. Се работи за младиот, 23-годишен напаѓач на екипата на Лил, Џонатан Дејвид.

Клубот од Лондон за неговите услуги е подготвен да плати дури 50 милиони евра, а тој во Лил пристигна од Гент за 20 милиони евра во 2020-тата година.

Дејвид за репрезентацијата на Канада има одиграно 43 натпревари, а она што е интересно е дека во петте сезони професионален фудбал успеваше да постигне двоцифрен број на погодоци.

- Оглас -

Најнови вести