16.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Тотенхем потпиша со двократен англиски првак

Тотенхем го официјализираше ангажманот на Џо Харт, поранешниот член на Манчестер сити ќе брани за Петлите до јуни 2022 година. Харт доаѓа како слободен играч по завршувањето на соработката со Барнли, а е второ засилување за тимот кој го предводи Жозе Мурињо, покрај Пјер-Емил Хојбјерг.

Поранешниот англиски репрезентативец има богато портфолио и ќе биде единствен играч во редовите на Тотенхен, кој знае како се освојува Премиер лигата. Харт на двапати беше англиски шампион со Манчестер сити, а има освоено и два трофеи во Лига купот, односно еден во ФА купот.

На 33 години Харт ќе претставува замена за капитенот Уго Љорис.

https://twitter.com/SpursOfficial/status/1295691920690225153

- Оглас -

Најнови вести