27.8 C
Skopje
четврток, 7 август 2025

Тотенхем потврди: Џејмс Медисон ќе паузира цела сезона

Англискиот премиерлигаш Тотенхем официјално потврди дека нивниот играч за врска, Џејмс Медисон, се здобил со сериозна повреда на предните вкрстени лигаменти за време на пријателскиот натпревар против Њукасл.

Играчот беше изнесен од теренот на носилки, а сомнежите за сериозноста на повредата денеска беа и официјално потврдени од клубот, кој преку кратко соопштение му посака успешно закрепнување.

Времетраењето на рехабилитацијата по ваков тип повреда обично изнесува седум до девет месеци, што значи дека Медисон најверојатно ќе пропушти поголем дел од сезоната 2025/26, која допрва започнува.

Сега останува да се види како новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, ќе го приспособи тимот на отсуството на еден од клучните фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести