Тотенхем се приклучи во трката за потписот на напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, пренесува шпанскиот весник „АС“. Претходно беше објавено дека за 24-годишниот Бразилец интерес покажуваат и Ливерпул, Арсенал, Челзи и Баерн Минхен.
Реал Мадрид очекува да инкасира најмалку 100 милиони евра за својот офанзивец, кој е и репрезентативец на Бразил. Преговорите за негово заминување ќе почнат откако фудбалерот ќе се врати од летен одмор.
Во сезоната 2024/25, Родриго настапи на 54 натпревари во сите конкуренции, при што постигна 14 гола и запиша 11 асистенции. По доаѓањето на Чаби Алонсо, тој очигледно не е во преден план во тимот на Кралевите.