Тотенхем цели 35 години чекаше една ваква вечер!

Тотенхем со 2:0 го доби дербито против Манчестер сити и со тие три бода, лондонскиот тим се искачи на врвот на табелата во Премиер лигата. Според бодовното салдо, Тотенхем ќе биде предводник на табелата, најмалку до утревечер кога се игра и второто дерби од ова коло меѓу Ливерпул и Лестер.

За Тотенхем ова е прв пат по август 2014 година да преноќи како лидер во Премиер лигата. Ако се знае дека ова е 9. коло во најсилната англиска лига, лондонскиот тим цели 35 години не бил како лидер во овој дел од сезоната. Последен пат Тотенхем како лидер преноќил во подоцнежен период од првенството во далечната јануари 1985 година, кога беа лидери во 23 коло од најсилната англиска лига.

Што се однесува до денешниот меч, тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо на тактички план „го уби“ својот колега од спротивната страна Пеп Гвардиола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести