Тотенхем во Скопје ќе се затвори како „школка“: Нема да има ниту прес, ниту тренинг

Жозе Мурињо и Тотенхем задутре пристигнуваат во Скопје за дуелот против Шкендија во квалификациите од Лигата на Европа, кој е закажан за в четврток. Според протоколот, англискиот тим решил воопшто да нема тренинг, како што е вообичаено, еден ден пред одигрување на мечот.

Тотенхем има збиен распоред, па покрај вчерашниот меч против Саутхемптон и убедливата победа, тимот се подготвува и за утрешниот дуел против Лејтон Орион во Лига купот. Среќа за Тотенхем е што овој меч ќе го игра во Лондон и нема многу да патува утре.

По утрешниот меч од Купот, Тотенхем во среда ќе одработи тренинг во својот камп кога Мурињо ќе има и прес-конференција, па ќе следува патот кон Скопје. Кога ќе пристигнат во Македонија, експедицијата на Тотенхем воопшто нема да излегува од хотелот сè додека не дојде време за одење на стадион за одигрување на мечот.

Веднаш по завршувањето на дуелот, в четврток вечерта Тотенхем ќе се врати во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести