Турскиот клуб Трабзонспор и официјално во новата сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите, иако со резултатите и пласманот на табелата тоа го избори на зелениот терен. Трабзонспорт заврши на второто место, веднаш зад сензационалниот шампион Башакшехир, а тоа му донесе место во квалификациите на најпрофитабилниот турнир во Европа.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Трабзонспор со една година неиграње во европските купови поради прекршување на финансискиот фер-плеј. Турците се жалеа на Спортскиот суд во Лозана, но и од таму добија „црвено“ светло, што значи дека суспензијата останува во сила. За овој клуб ова е втора суспензија за неиграње во Европа, откако во 2016 година Трабзон беше казнет поради слично непочитување на правилата. На местото на Трабзонспор, во квалификациите за ЛШ ќе игра Бешикташ.
Колку за потсетување, пред малку повеќе од две недели, Спортскиот суд во Лозана ја укина суспензијата на УЕФА која се однесуваше на тоа дека Манчестер сити во следните две сезони треба да не биде дел од европските купови.