6928 Трабзонспор – Рапид Виена (19.00 часот)
Турскиот тим е квалитетен, посебно на домашен терен, каде што фановите создаваат пеколна атмосфера. Енис Барди и соиграчите сигурно ќе сакаат да обезбедат предност пред реваншот во Австрија. Во минатото коло од квалификациите во Лигата на Европа, Трабзонспор со две победи го елиминира Ружомберок, па иако Рапид е поквалитетен ривал, очекувањата се дека ќе успее да стигне до триумф.
Предлог тип: 1 (1.90)
6916 Хелсинки – Дечич (18.00 часот)
Хелсинки е поквалитетен ривал од црногороскиот Дечич и тоа треба да го покаже на денешниот дуел. Финскиот претставник игра посебно пред своите гледачи, во серија од две победи во шампионатот, а Дечич изненади со триумфот на гости против Динамо Батуми. Во првото коло од црногорскиот шампионат ремизираше против Сутјеска (1-1). Предлогот е Хелсинки да победи и да постигне најмалку два гола во текот на натпреварот.
Предлог тип: 1 & T1 2+ (1.79)
6936 Динамо Минск – Линколн Ред Импс (20.45 часот)
Динамо Минск во минатото коло беше елиминиран од Лудогорец во квалификациите за ЛШ, но откако загуби со 2-0 на реваншот во Бугарија. Како „домаќин“ славеше со 1-0, иако мечот не се игра во Белорусија. Тоа е квалитетен тим кој сигурно дека има капацитет да го победи Линколн Ред Импс, претставникот на Гибралтар, кој во минатото коло загуби од Карабах на гости со 5-0. Се очекува победа на Динамо Минск и најмалку три гола на овој меч.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.11)
8003 Франција – Германија (17.30 часот)
Франција успеа да ја елиминира Канада во четвртфиналето и сигурно дека носена од навивачите, нема лесно да се предаде и против светскиот првак Германија. Денис Шредер и Франц Вангнер се одлични индивидуалци, но Франција игра цврста одбрана, предводена од Вембанјама, Јабуселе, Кординие, Фурние, и вреди да се одигра на хендикеп, дека нема да загуби повеќе од пет поени на овој меч.
Предлог тип: Хен. 1 +5.5 (1.83)
8374 САД – Србија (21.00 часот)
Дрим тимот на САД ја победи Србија на мечот од групната фаза на олимпискиот турнир со 110-84, но неколку американски кошаркари напоменаа дека нема да биде лесно уште еднаш да се повтори таква игра против Јокиќ и друштвото. Сигурно дека влогот овојпат е поголем, дека ќе се внимава многу на одбраните, иако и двете селекции имаат неверојатен напаѓачки арсенал. Но, типот е дека нема да бидат постигнати вкупно повеќе од 187 поени на натпреварот.
Предлог тип: <187.50 (1.88)