Традицијата јасно кажува, Вардар ќе го победи Монпелје!

За првпат сезонава македонскиот ракометен првак Вардар ќе биде во улога на фаворит во меч од Лигата на шампионите. Во Скопје гостува Монпелје, тим против којшто имаме добра традиција. Ова ќе биде јубилејна 10-та пресметка на овие два тима, а досегашниот биланс е шест победи на Вардар, едно реми и само два триумфи на Монпелје.

Францускиот тим се радуваше на последното гостување во „Јане Сандански“ (победи со 31:27), а славеше и во полуфиналето од фајнлфор-турнирот во 2018 година, кога Монпелје и стигна до европската круна. Во другите седум меча, Вардар има шест победи, и тоа пет се убедливи, а само една е со два разлика.

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ, побара навивачите да дојдат во „Јане Сандански“ за да може Црвено-црните кога напаѓаат да бидат со предност и од „осум на шест“. Вардарци првпат сезонава немаат проблеми со повредени играч и се фаворити. Кога во првите три кола од ЛШ беа во улога на аутсајдери, победија двапати, а еднаш ремизираа. Сега треба да се покажат дека имаат психолошка сила да ја издржат и улогата на „победник на хартија“.

 

- Оглас -

Најнови вести