Вујовиќ пред Монпелје: Првпат сезонава сме во улога на фаворити!

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 утревечер го пречекува француски Монпелје во четвртото коло од групата А во Лигата на шампионите, а тренерот Веселин Вујовиќ ја прифаќа улогата на фаворит. Популарниот Вујо е задоволен што првпат сезонава нема повредени играчи и сега проблем му е кого да изостави.

„Монпелје е голем клуб со историја, ќе биде исклучително тежок натпревар. Имам проблем да изберам со кои 16-мина ќе истрчаме утре затоа што за првпат сезонава немаме проблеми со повреди. Вардар е во добар момент и можам да кажам дека за првпат е фаворит. Ќе ни биде потребна и помош од навивачите. Јас сакам да играм 7 на 6, ама ако дојде публиката во голем број, утре ќе играме 8 на 6“, смета Вујовиќ, кој додаде дека во модерниот ракомет тешко е да се добие меч со скромни 24 или 25 постигнати голови, но ќе инсистира на цврста одбрана и што помалку примени голови.

- Оглас -

Најнови вести