Традицијата продолжи, Брендан Роџерс е малер кога дебитира

Вотфорд на драматичен начин, со гол во 92 минута, го совлада Лестер со 2-1. Ова е трети пораз на Лестер сезонава со примен гол во судиското продолжение.

Брендан Роџерс и со својот петти клуб во англиските лиги, не успеа да победи на своето деби. Но, Роџерс досега никогаш немаше загубено од своите поранешни клубови, а Вотфорд е негов бивш клуб, па на таа традиција ѝ дојде крајот.

Џејми Варди го дава првиот гол за Лестер кај последните четворица тренери откако го преземаа тимот. Но, откако даде гол, се повреди и излезе во 83 минута, а тоа се покажа како проблем за „лисиците“ кои беа пресечени во периодот кога доминираа на теренот.

Од последните седум гола на Вотфорд, во сите учествуваа Трој Дини или Жерард Делофеу. Дини денеска беше и стрелец и асистент. Вотфорд дома загубил само еднаш на последните 22 меча кога водел на полувреме, па таа убава традиција продолжи.

- Оглас -

Најнови вести