1701 Мец – Рен (20:45 ч.)
Главна цел за Мец ќе биде да не испадне, а моментно е претпоследен на табелата само со 11 бода од 13 средби. Мец ја има најслабата одбрана и досега прими дури 30 погодоци.
Рен е во серија од три победи во првенството, а и кога се работи за меѓусебните дуели, со Мец имаат дури седум победи по ред. На последните пет меѓусебни дуели на овие ривали биле постигнати дури 25 гола, што е пет погодоци по меч.
Предлог тип: ГГ3+ (2.00)
3001 Комо – Сасуоло (20:45 ч.)
Комо е најпријатното изненадување во Серија А и има само еден пораз во 12 кола. На домашен терен има три победи и три нерешени, што само е потврда за квалитетот што го има.
Само со седум примени гола, Комо ја има втората најдобра одбрана во Серија А. И Сасуоло игра солидно, посебно на гости, каде што во шест меча сезонава освои 10 бода.
Предлог тип: 1Х&1-3 (1.86)
1801 Борусија Менхенгладбах – Лајпциг (20:30 ч.)
Борусија може да се пофали дека единствениот тим во Бундеслигата кој победи во последните три кола. Интересно е дека во претходните осум меча тимот од Менхенгладбах немаше ниту еден триумф, па со девет освоени бода во последните три меча, тимот избега од зоната за испаѓање.
Сега Борусија има голем предизвик затоа што гостува Лајпциг, кој е втор на табелата, веднаш зад лидерот Баерн. Шесте последни дуели на овие два тима завршиле со НГ, односно барем еден од двата тима да не постигне гол.
Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (2.25)
1301 Хетафе – Елче (21 ч.)
По малку неочекувано, но двата тима се во првиот дел од табелата во Примера дивисион. Хетафе е тим кој е поим за цврста игра во дефанзивата, па не е чудно што дома на шест меча имаат гол-разлика 6:5.
Елче нема ниедна победа на гости сезонава. На четири од последните пет меѓусебни дуели на овие два тима немало повеќе од два гола.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.78)
1655 Мехелен – Стандард Лиеж (20:45 ч.)
Мехелен не е многу сигурен посебно дома и има дури четири нерешени во седум средби. Од друга страна, Стандард е без реми на седумте гостувања сезонава.
Трдицијата на овие два тима вели дека имаат пет нерешени дуели по ред, а во последните седум средби на овие ривали, дури четирипати било 0:0.
Предлог тип: Точен резултат 0:0 (11.80)

