25.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Традицијата вели дека лесно ќе излезе играта која има квота од 4.45

3138 Раднички Ниш – Бачка Топола (19 ч.)

По три одиграни кола во српското првенство, овие две екипи заедно со Партизан, Ѕвезда и Радник се единствени без пораз. Бачка Топола со три победи во три меча е најпријатното изненадување. Ефикасноста е нивни главен адут, па досега дадоа дури 10 погодоци, само Партизан има повеќе голови од нив.

Раднички е без пораз, но со две нерешени на гостински терен. И тимот од Ниш игра офанзивно, па може да очекуваме атрактивен фудбал со погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.20)

 

1648 Јонг АЗ – Алмере (20 ч.)

Овие две екипи во изминативе 10-тина години имаат одиграно девет меча и ниту еднаш не било нерешено. Во Холандија се игра без многу калкулации, за да се даде гол повеќе, па и традицијата вели дека во просек паѓаат повеќе од три погодоци кога играат овие ривали.

Алмере има шест победи, а Јонг АЗ се радуал три пати. Шест пати средбите завршувале ГГ3+, а во останатите три дуели имало по два гола.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1607 Кајзерслаутерн – Борусија М. (20:45 ч.)

Кајзерслаутерн веќе речиси една деценија е надвор од Бундеслигата и веќе не е ривал за многу респект. Сепак, кога се игра Куп дуел, изненадувањата секогаш се опција. Борусија победи на последните три контролни средби, додека Кајзерслаутерн во првите две кола од третата лига не успеа да даде ниту еден гол.

Тука треба да се искористи понудата од Супер типот во Sport Life, каде има зголемен коефициент за двојакта.

Предлог тип: 2 (1.56) – квота од Супер типот

 

1544 Жил Висенте – Боавишта (21:15 ч.)

Целта на овие две екипи во португалското првенство е да не испаднат од лига. Двата тима според квалитетот се во долниот дел од табелата, па затоа и не се очекува којзнае каков квалитет вечерва на теренот.

Традицијата вели дека не треба да се очекува многу голови, затоа што 16 од последните 22 меѓусебни дуели завршиле со 0-2 погодоци. Така треба да биде и сега, а мала предност се дава на гостите.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (2.20)

 

2830 Универзитатеа Крајова – Волунтари (20:30 ч.)

По првите три кола и двете екипи имаат ист биланс, а тоа е една победа и два порази. Ако за Волунтери се очекуваше ваков стартот, тогаш ова е дефинитивно разочарување за Универзитатеа која минатата сезона заврши на третото место на табелата.

Ако се погледнат последните меѓусебни мечеви, на последните седум дуели двете екипи постигнувале барем по еден гол, а тимот од Крајова има шест победи.

Предлог тип: 1 & ГГ (4.45)

 

- Оглас -

Најнови вести