Голема трагедија го потресе кошаркарскиот свет откако германските медиуми објавија дека синоќа во Оберхаузен е убиен 18-годишниот украински кошаркар Володимир Јермаков.
Младинскиот репрезентативец на Украина и член на германскиот Дизелдорф синоќа заедно со своите соиграчи биле на железничката станица во Оберхаузен во обид да се вратат дома, но биле нападнати од двајца со ножеви. Смртно настрадал Јермаков, а тешко повреден е неговиот соиграч Артем Козаченко.
Веста ја потврдија и од клубот за којшто играше Володимир Јермаков, а во објавата се вели дека тој во Германија побегнал од војната во Украина.