Бразилскиот мотошампион Матеус Барбоса загина за време на трката на славната патека „Интерлагос“. Барбоса, кој имаше само 23 години, ја загуби контролата над моторот и излета од патеката, а додека се обидуваше да сопре, со полна брзина удри во една од оградите.
Лекарите веднаш реагираа, се обидоа да го реанимираат возачот, но Барбоса почина на самото место на несреќата.
https://twitter.com/i/status/1325692240027668481
Патеката „Интерлагос“ веќе почнуваат да ја нарекуваат проколната затоа што Барбоса е третиот моторциклист кој го губи животот во нецели две години. Претходно оваа патека беше кобна за Маурисио Палуденте и Данило Берто.