Трагедија на повидок: Влезе во езерото да се искапе и исчезна

Капитенката на женскиот тим на Јанг бојс и членка на репрезентацијата на Швајцарија, Флоријана Исмаили, исчезна откако скокнала од чамец да се излади во езерото Комо. Исмаили заедно со својата девојка изнајмиле чамец и заминале на езерото Комо во Италија, кое е во близина на швајцарската граница.

Двете девојки заминале на 700 метри од брегот и повеќе од еден час уживале, кога во еден момент Флоријана решила да скокне во водата и да се излади. На тој дел езерото е длабоко 100 метри. Девојката на Исмаили чекала таа да се појави на површината, но било залудно.

„Помислив дека сака да ме уплаши и изненадно да се појави од другата страна на чамецот. Кога видов дека ја нема, почнав да врескам, да ја викам, но залудно беше. Потоа повикав помош“, објаснува девојката која била сведок на несреќниот настан.

Полицајци и пожарникари веднаш започнале потрага, но повеќе од 24 часа нема трага од фудбалерката.

„Пребаравме два километри од местото кое е обележано дека Исмаили последен пат била видена. Ќе ни помогнат и нуркачи. Езерото Комо е опасно. Под мирните води има силни струи. Можеби жената се онесвестила кога влегла во ладните води“, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести