-1.2 C
Skopje
сабота, 27 декември 2025

Трагедија: Шпански тренер и неговите три деца смртно настрадаа во Индонезија

Шпанскиот фудбалски тренер, Фернандо Мартин, загина заедно со неговите три деца на одмор во Индонезија. Четворицата настрадале кога спортскиот брод со кој се возеле налетал на невреме со бранови високи и до три метри.

На бродот имало вкупно 15 луѓе, од кои седум се спасени, а четворица од нив се членови на екипажот. Меѓу они кои имале среќа да бидат спасени од поморските власти е и сопругата на Мартин, како и неговата седумгодишна ќерка Мер.

Фернандо Мартин беше тренер на Б тимот на женската екипа на Валенсија. Тој со сопругата и четирите деца ја користеле паузата во првенство за одмор во Индонезија, кој на крајот заврши трагично.

„Длабоко сме ожалостени од смрта на Фернандо Мартин, тренерот на Валенсија феменино Б и неговите три деца во трагичната несреќа во Индонезија, што ја потврдија и локалните власти.“ – се вели во соопштението од Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести