Трагедија во Белорусија: Голман и неговото семејство загинаа во сообраќајка

Голема трагедија го потресе белорускиот фудбал. Во сообраќајна несреќа загина голманот на Витебск, Андреј Шчербанков, а заедно со него настрадаа и неговата сопруга и постариот шестгодишен син. Несреќата единствено ја преживеал помалиот син, кој бил врзан во столчето за деца и се наоѓа во болница.

Несреќата се случила синоќа, кога автомобилот управуван од 27-годишниот голман ја загубил контролата, преминал на спротивната страна и удрил во камион. Не е јасно дали возилото преминало на спротивната насока поради лошото време или по грешка на возачот.

Шчербанков е поранешен младински рерпрезентативен голман на Белорусија, а во кариерата има брането и за БАТЕ Борисов и Белшина. Последниот меч за Витебск го имаше на втори декември, кога бранеше во последното коло од првенството на Белорусија, а неговиот тим победи со 3-1.

- Оглас -

Најнови вести