Поранешниот фудбалер и тренер на Сараево, Џенан Ушчуплиќ, денес трагично загина од удар на гром, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина. Четириесет и осумгодишниот тренер заедно со пријателите бил на планинарење на Зеленгора кога се случил трагичниот настан. Спасувачките екипи се обидуваат да го извлечат телото на несреќниот Ушчуплиќ од надморска висина од 1.700 метри.
Џенан Ушчуплиќ како фудбалер освен за Сараево, настапуваше и за Железничар и за Олимпик, додека тренерската кариера од пензионирањето на 27-годишна возраст, па сè до смртта ја градеше во младинските и првата екипа на Сараево, каде што соработуваше и со поранешниот македонски репрезентативец Крсте Велкоски, кој во два мандати беше фудбалер на Сараево, од 2014 до 2016 и од 2017 до 2022 година.