Трагедија во рингот, почина 18-годишен боксер

Јорданскиот боксер Рашед Ал-Свејсат почина во болницата во Кјелце по 11 дена откако претрпе кобен нокаут на Светското јуниорско првенство во Полска, објави Меѓународната боксерска федерација (АИБА). Ал-Свејсат претрпе тешки повреди на главата во борбата против Антон Виноградов од Естонија, во категорија до 81 килограм.

По нокаутот, на Ал-Свејсат веднаш му беше дадена прва помош во рингот, а потоа итно беше пренесен и во болница, каде што имаше операција на главата. За жал, по 11 дена борба за живот, тинејџерот почина.

„Рашед е во нашите срца и во нашите молитви. Нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и колегите од репрезентацијата, на кои им изразуваме искрено сочувство“, објавија од АИБА.

 

- Оглас -

Најнови вести