Талентираниот бразилски фудбалер Ендрик доби ужасни вести од родната земја. Токму на Божиќ дознал дека на улица е убиен сопругот на неговата постара сестра.
Според медиумите во Бразил, Маурисио Нуњес Гонсалвес бил изрешетан со куршуми од огнено оружје и тоа додека одел кон кафетерија. Во него биле испукани дури осум куршуми.
По извршениот погрег, постарата сестра на Ендрик, Лавинија Судре оддаде почит кон својот убиен сопруг. „Денеска сакав да објавувам само позитивни и весели вести, но за жал нема да биде така. Денеска се простивме од човек на кој животот му е прекинат на толку ужасен начин“, порача сестрата на Енрик.
Очевидци на убиството велат дека немало никаков конфликт меѓу напаѓачите и убиениот. Засега полицијата бара мотив за убиството, а не е познато дали зетот на фудбалерот на Реал Мадрид, бил вмешан во некои криминални активности.