Трагичарот од финалето на СП, дојде до бундеслигашки дабл-дабл!

Францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, се покажува како големо засилување за Ајнтрахт. Тој вечерва даде гол со кој ја потврди победата од 2-0 против Вердер, и дојде до бројка од 10 погодоци сезонава во Бундеслигата.

После 20 одиграни мечеви во германската лига, Коло Муани има по 10 голови и асистенции, дабл-дабл каков што одамна нема направено некој играч на Ајнтрахт.

Инаку, после оваа победа, Ајнтрахт е шести на табелата, со само пет бода помалку од лидерот Баерн Минхен, па во трка се за место во ЛШ, дури и за титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести