14.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Трајков: Ерменија е ривал против кого може да дојдеме до позитивен резултат

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година ги има последните подготовки пред утрешниот дуел против Ерменија, во квалификациите за пласман на Европското првенство. По првите две кола, Македонија е без бодови откако загуби прво на гости од Полска со 0:3, а потоа и од Италија (0:1) на дуелот одигран во Битола.

Ерменија не е селекција од врвен калибар, па токму овој меч треба да биде шанса Македонија да ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус. Расположение и оптимизам има и меѓу фудбалерите.

„По тешкиот почеток и двa зaгубени меча против силните ривали Италија и Полска, сега можам да кажам дека имаме полесни и противници со кои може да се надигруваме. Иако ниту еден противник не е лесен, Ерменија е ривал против кого Македонија има реални шанси да одигра цврст и ефикасен натпревар и да дојдеме до прв позитивен резултат. За да се дојде до првите бодови, мора да влеземе максимално дисциплинирани во натпреварот. Важно е да не се дозволат лесни грешки и да се одржи концентрацијата до последниот свиреж“, вели репрезентативецот Димитар Трајков, кој на клупски план ги брани боите на Работнички.

- Оглас -

Најнови вести