Трајковски: Австрија не беше подобра од нас и Македонија никогаш нема да се предаде

Александар Трајковски вели дека Австрија не беше поквалитетната селекција на нашето деби на Европските првенства, но поразот секако боли, а за напаѓачот на нашата селекција најболно е што не се наградени со успех извонредните навивачи, кои во голем број дојдоа во Букурешт и направија прекрасна атмосфера.

„Искрено мислам дека 70 минути игравме одлично, компактно, добро. Потоа примивме наивен гол, па уште еден и претрпевме пораз. Австријците не беа поквалитетни од нас и верувам дека ако ја играме нашата игра и продолжиме во тој стил, ќе освоиме бодови. Македонија никогаш нема да се предаде. Горди сме што цела армија на навивачи не бодри на неверојатен начин и за нив ми е најмногу жал што не забележавме успех на дебито на Европските првенства. Се надевам дека ќе биде подобро на следните два натпревари. Верувам дека ако ги победиме Украинците, сигурно ќе се пласираме во вториот круг. Следниот меч е клучен за нас“, вели Трајковски.

По поразот од Австрија вчера, следен меч за Македонија на ЕП е тој со Украинците на 17 јууни во Букурешт од 15 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести