Трајковски даде убав гол од над 20 метри (Видео)

Александар Трајковски го даде првиот гол сезонава во дресот на Мајорка и тоа на меч од Купот на Шпанија. Македонскиот репрезентативец е стартер на мечот против Фуенлабрада, а во 11 минута откако доби една топка, убаво се намести и со шут од преку 20 метри го матираше домашниот голман за водство на Мајорка од 1:0.

Фуенлабрада израмни во 55 минута на 1:1, а до крајот на мечот остануваат уште 30-тина минути.

https://streamable.com/7z8zaz

- Оглас -

Најнови вести