Трајковски: Му благодарам на Брекало за асистенциите, следниот пат јас ќе му наместам гол

Александар Трајковски беше стрелец на единствениот гол на вчерашното гостување на Хајдук кај Славен Белупо, со што Белите ја прекинаа катастрофалната серија од пет порази во низа.

Трајковски дава гол на два меча по ред, а и двата му беа по асистенции на Јосип Брекало.

„Повторно слична ситуација како голот против Осиек. Се надевам дека со Брекало ќе продолжиме со оваа добра врска. Можеби следниот пат јас ќе му наместам гол“, рече Трајковски.

Тој го коментираше и играњето во ист тим со Иван Перишиќ, кој четврти меч по ред влегува од клупата и игра во последните 20-30 минути.

„Навистина ми е драго што се врати по таа повреда, полека се подобрува и мило ми е што играм со него. Се надевам дека ќе игра уште повеќе на следните натпревари“, додаде Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести