Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски, и официјално во иднина ќе го носи дресот на еден од најголемите клубови на бившо-југословенските простори, сплитски Хајдук. Тој денес е претставен во Сплит како големо засилување во борбата за титулата со неприкосновениот Динамо Загреб.
Трајковски пред 15-тина години веќе настапуваше во хрватското првенство за екипата на Интер Запрешич, кога како 17-годишник направи трансфер од Цементарница. Македонскиот репрезентативец во кариерата настапуваше и за Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Ал-Феиха.