Трајковски се збогува со Хајдук: „Сакав ова поглавје да заврши со титула“

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски и официјално си заминува од сплитскиот Хајдук. Нашиот фудбалер тоа го потврди со објава на социјалните мрежи, а следува откако му истече договорот со екипата која до последното коло беше во битка за титулата во првенството на Хрватска.

„Тоа беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај сè, чувствувам благодарност. Ви благодарам на сите: соиграчите, тренерскиот тим и навивачите. Ви благодарам за целата поддршка што ми ја пруживте. Би сакал ова поглавје да го завршевме со шампионска титула. Ви посакувам среќа и да го постигнете тоа во иднина!“, напиша Трајковски.

Трајковски не објави каде ќе ја продолжи кариерата, а во минатото настапуваше за Цементарница, Интер Запрешиќ, Варегем, Мехелен, Палермо, Мајорка, Алборг и Ал-Фајха.

- Оглас -

Најнови вести