Трајковски во Сплит е пречекан како вистинска ѕвезда, социјалните мрежи вријат, Сплит чека титула

Репрезентативецот на Македонија, Александар Трајковски, вчера и официјално потпиша за сплитски Хајдук и сезонава ќе настапува на “Пољуд“. Тој во Далмација е пречекан како вистинска ѕвезда и човек кој ја победил Италија. Апетитите на ‘Торцида“ пораснаа и сега од Хајдук се чека титула.

Ова се реакциите на социјалните мрежи за трансферот на Македонецот:

– “Балевски, Јордановски, Метров, Сетинов, Вајс, Мирков, Талевски, Џузелов, Кралевски и Атанасов се Македонците кои го носеле дресот на најдобриот клуб во светот и околината, некој помалку, некој повеќе успешно, а некој како што е Драги Сетинов по мое мислење и најдобар од сите нив и остави најдлабока трага, но сега овде е репрезентативец на оваа драга држава со скоро 100 настапи за својата земја и поради тоа со право од него очекуваме да биде запаметен по квалитетните игри и да даде свој допринос во освојувањето на титулата. Среќно Македонче“,

– “10 голови и 10 асистенции до крајот на сезоната и јас сум задоволен“,

– “Добро дојде Александар во најдобриот хрватски клуб“,

– “Добро дојде во институцијата“,

– “Добро дојде момче Македонче“,

– “Македонче добро ни дојде во хајдуковата фамилија“,

– “Разбудете го уште Перишиќ и одиме …“.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести