Трансферот на Елмас е втор најскап во историјата на турскиот фудбал (Видео)

Фенербахче од Наполи ќе добие 16 милиони евра отштета за Елиф Елмас, а со разни бонуси, сумата може да оди и до 17,5 милиони. Со тоа, трансферот на младиот македонски играч од средината на теренот е рекорден за еден македонски фудбалер, а втор најголем во турскиот фудбал, ако се сметаат играчи кои биле продадени од турски клубови.

Рекордот во Турција го држи Ченк Тосун од пред две години. Тогаш англискиот премиерлигаш Евертон, на Бешикташ за Тосун му плати 22,5 милиони евра.

Елмас и неговите 16 милиони (може да дојде и до 17,5) се на второ место. За 16 милиони биле продадени и Баду Ндиаје од Галатасарај во Стоук, и Муса Соу од Фенербахче во Ал Ахли.

Погледнете го видеото за збогум кое беше направено во Истанбул:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=25&v=E-zNuvqoq3k

- Оглас -

Најнови вести