Трансферот на Хендерсон нема да се реализира само поради платата на Брозовиќ

Фудбалерот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, беше пред потпис со Ал-Етифак, каде што тренер е Стивен Џерард. Сепак, до овој трансфер нема да дојде, барем не во моментов.

Хендерсон требаше да оди на лекарски прегледи во Саудиска Арабија, но тој не го стори тоа бидејќи сака повторно да преговара за својата плата иако сè беше договорено.

Тој смета дека Марсело Брозовиќ не е ништо подобар фудбалер од него и сега бара платата да му биде двојно поголема од договореното. За потсетување, Брозовиќ доби 100 милиони евра плата за тригодишен договор.

Хендерсот со Ал-Етифак беше договорен да заработува по 20 милиони евра годишно.

- Оглас -

Најнови вести