Трансферот на напаѓачот на Аталанта, Адемола Лукман, во турскиот Фенербахче официјално пропадна, објавија италијанските медиуми.
Нигерискиот интернационалец веќе се договори со турскиот клуб до летото 2029 година со годишна плата од 10 милиони евра, додека Аталанта бараше 40 милиони евра. Сепак, клубовите не успеаја да се усогласат ниту за начинот на исплата, ниту за потребните банкарски гаранции, па трансферот не се реализираше.
Сепак, Лукман сè уште може да го напушти Бергамо, но сега со трансфер во Атлетико Мадрид. Италијанскиот клуб веќе постигнал договор, но во Мадрид сè уште чекаат зелено светло од 28-годишниот играч. Лукман е оставен надвор од тимот на Аталанта за гостувањето кај Комо.
Доколку тој се согласи на трансфер, неговиот соиграч Камалдин Сулемана најверојатно ќе остане во Аталанта, и покрај интересот за него од Наполи и од Рома.

