Трансферот на напаѓачот Жан-Филип Матета од Кристал Палас во Милан пропадна. Италијанскиот клуб извршил дополнителни проверки и проценки на здравствената состојба на францускиот фудбалер, по што била донесена конечната одлука. Таа се темели на медицинските прегледи на 28-годишниот напаѓач на англискиот тим.
Според италијанските медиуми, стара повреда на коленото е причината за пропаѓањето на зделката.
Првично се сметаше дека Милан ќе го откупи Жан-Филип Матета за 30 милиони евра.
Напаѓачот има постигнато осум голови на 23 натпревари во дресот на Кристал Палас во тековната сезона.

