Трансферот на Маркус Рашфорд во Милан е пред неуспех поради малку познато правило за Брегзит. Како што е познато, ѕвездата на Манчестер јунајтед минатиот месец призна дека сака нов предизвик, а неколку клубови веќе се борат за неговиот потпис.
Росонерите се еден од тие тимови. Сепак, бидејќи италијанскиот клуб исто така сака да го доведе и Кајл Вокер од Манчестер сити, на „Сан Сиро“ ќе бидат принудени да се откажат од Рашфорд.
Marcus Rashford’s transfer to AC Milan could be scuppered by little-known Brexit rule thanks to Man Utd rivalshttps://t.co/XCS0OGqeoc
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 15, 2025
Ова се случува бидејќи по Брегзит, кога Обединетото Кралство ја напушти Европската Унија, фудбалерите од Островот се класифицирани како играчи надвор од ЕУ, а секој тим има определена квота за такви фудбалери. Милан има право на уште еден играч пред да ја надмине оваа квота.
Во моментов, во Милан ги имаат Фикајо Томори, Рубен Лофтус-Чик и Тами Ејбрахам како играчи од Англија.