Трапановски од Шкупи потпишува за Данди јунајтед

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски е на чекор од трансфер во шкотскиот прволигаш Данди јунајтед. Еден од најдобрите играчи на Шкупи и воопшто во македонскиот шампионат е желба на клубот кој оваа сезона се врати во елитното друштво на Шкотска.

Нивен тренер е Џим Гудвин, кој всушност го доведе и Бојан Миовски во Шкотска од МТК Будимпешта додека беше тренер на Абердин.

Медиумите во Шкотска информираат дека договорени се сите детали меѓу Данди јунајтед и Кристијан Трапановски, а останува тој да добие уште работна виза и договорот да влезе во сила.

Трапановски ќе биде третиот Македонец во првенството на Шкотска, покрај Бојан Миовски во Абердин и Давор Здравковски во Мадервил.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести