1006 Манчестер јунајтед – Брентфорд (21.00 часот)
Манчестер јунајтед со поразот од Њукасл од 2:0 во неделата падна на петтото место на табелата и вечерва победата на Црвените ѓаволи им е повеќе од потребна. Со триумф ќе го прескокнат Тотенхем на табелата и ќе ја прекинат серијата од три меча без триумф во Премиер лигата.
Брентфорд исто така игра одлично сезонава и се наоѓа на седмото место на табелата со 43 бода и има серија од три меча без пораз. Во последното коло одигра 3:3 против Брајтон. Во првиот дел од сезоната, Брентфорд на домашен терен славеше со убедливи 4:0, но сега ситуацијата е поинаква и Црвените ѓаволи се фаворити за победа.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.35)
1324 Барселона – Реал Мадрид (21.00 часот)
Вечерва се игра петтото и последно Ел Класико сезонава меѓу Барселона и Реал Мадрид, и тоа во рамките на шпанскиот Кралски куп. Првиот полуфинален натпревар кој се играше на „Сантијаго Бернабеу“ заврши со минимален триумф на Барселона и патникот во финалето ќе биде одлучен вечерва на „Камп ноу“. Интересно е што Реал Мадрид славеше на првиот меѓусебен дуел сезонава (3:1), кој се играше во рамките на Ла Лига, а во останатите три меча на победата се радуваа фудбалерите на Барселона.
Првата победа над Реал Мадрид фудбалерите на Барселона ја остварија во финалето на шпанскиот Супер куп (3:1), по што следуваше првиот меч од полуфиналето на Кралскиот куп, на кој тренерот на каталонскиот тим, Чави Ернандес, покажа дека созреа како тренер и со дефанзивна тактичка поставеност успеа да слави со 1:0.
Последниот дуел се играше пред две недели на „Камп ноу“ и славеше Барселона со 2:1, со што направи голем исчекор кон освојување на титулата во Ла Лига. Кралевите вечерва ќе мора од првата минута да тргнат офанзивно и за очекување е гледачите да уживаат во фудбалски спектакл со голови.
Предлог тип: ГГ 3+ (2.09)
1536 Жил Висенте – Спортинг Л. (21.15 часот)
Спортинг Лисабон влезе во посакувана форма кога е најважно, во последниот дел од сезоната, и не се откажува од третото место на табелата во португалскиот шампионат кое води во квалификациите за пласман во ЛШ.
Спортинг минатиот месец успеа да го елиминира Арсенал во Лигата на Европа, а во домашниот шампионат има серија од пет победи по ред и е четврти со 53 бода, шест помалку од третопласираната Брага, но и натпревар помалку. Евентуална победа ќе ја вжешти трката за третото место на табелата бидејќи до крајот на сезоната има уште осум кола. Жил Висенте речиси сигурно го обезбеди опстанокот иако загуби на последните два меча.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.35)
2832 Феенорд – Ајакс (20.00 часот)
Феенорд се наоѓа на чекор од освојување на шампионската титула и само чудо може да го спречи да не се искачи на тронот на холандскиот фудбал на местото на Ајакс, а вечерва има шанса да го елиминира големиот ривал од уште едно натпреварување. Феенорд на својот стадион „Де Кајп“ го пречекува Ајакс во полуфиналето на Купот на Холандија. Сезонава веќе одиграа два меѓусебни меча во рамките на Ередивизијата и Феенорд славеше на дуелот што се играше пред 16 дена во Амстердар со 3:2. Првиот дуел на „Де Кајп“ заврши без победник 1:1.
Предлог тип: 1Х & 1+ прво (1.88)
2850 Лајпциг – Борусија Д. (20.45 часот)
Последниот полуфиналист во Германскиот куп ќе биде подобриот од дуелот меѓу Лајпциг и Борусија Дортмунд. Ова претставува дуел на две од четирите најдобри екипи во Германија сезонава. Традицијата покажува дека головите се задолжителни на нивните пресметки, последен пат помалку од три гола биле постигнати во 2020 година, а најчесто и двете екипи постигнуваат голови.
Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+ II (1.83)