Треба да се случи чудо за Чикаго да врзе две победи против Бостон

Петок за сабота изданието на Полноќен експрес составено од четири НБА типови и еден од НХЛ лигата се покажа како добитно со квота од 15.85, а сега ќе се обидеме да врземе две во низа.

Чикаго булс – Бостон селтикс (02ч)

Помина речиси една година од последната средба меѓу Чикаго и Бостон, која Булс ја добија со 126:116. Тоа е еден од ретките дуели со висок учинок, а уште поретко е што Чикаго на крајот се радуваше. Во последните 11 средби Бостон дури на девет од нив стоеше на победничката страна, а две победи во низа Чикаго нема остварено од април 2017 година.

Во полза на домаќините може да биде отсуството на Кемба Вокер, но наместо да типуваме „кец“ или „двојка“, подобро е да се чека мал број на поени.

Предлог тип: <209,5 поени (1.85) 

 

Вашингтон визардс – Денвер нагетс (02ч)

Во пресрет на дуелот против една од подобрите екипи од Западот, десеткуваните Волшебници нема да сметаат ниту на најефикасниот поединец, Бредли Бил. Тоа е најава дека Вашингтон ноќеска ќе ги разочара своите навивачи, а Денвер и во третото последователно гостување во Ди-Си ќе запише триумф.

Нагетс добро се покажаа на гости кај Индијана, им го нанесоа само четвртиот овосезонски пораз на Пејсерс на домашен терен. Тоа е знак дека Јокиќ и компанија се ментално подготвени да ја задржат втората позиција на табелата на Западот, пред екипи како што се Клиперс и Хјустон.

Предлог тип: 2 двојна (1.65)

 

Лука Дончиќ (Далас маверикс – Шарлот хорнетс, 02:30ч)

Се приметува дека Дончиќ е често дел од Полноќниот експрес. Тоа е сосема нормално и ќе продолжиме да го „бркаме“ неговиот учинок, бидејќи Словенецот кога и да стапи на паркетот е сензационален. Ништо помалку не се очекува од него и во дуелот против Шарлот.

Во две досегашни средби, Дончиќ против Стршлените оствари трипл-дабл и дабл-дабл, меѓутоа застануваше на 19, односно 18 поени. Границата му е речиси двојно поголема, а како лидер на Далас не треба да му бидат проблем да реализира 30 поени.

Предлог тип: Л. Дончиќ >32,5 поени (1.87)

 

Голден стејт вориорс – Детроит пистонс (02:30ч)

До пред само една сезона Голден стејт беше тим што едвај трпеше по 10 порази во регуларниот дел, а сега откако се повредени главните ѕвезди Кари и Томпсон, Воините со голема мака стигаат до двоцифрен број на поени. Засега билансот им е 9-27, а Детроит е екипа по нивна мерка да се дојде до „десетката“ сезонава.

Двата тима имаат по три порази во низа, а само за еден од нив истата ќе се продолжи. Избраниците на Стив Кер треба да го одбранат домашниот терен, како што го сторија тоа во претходните четири од последните пет меѓусебни дуели против Пистонс.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

Милвоки бакс – Сан Антонио спарс (02:30ч)

Од католичкиот Божиќ, односно по поразот од Филаделфија, Елените повторно влегоа во победничка низа која ноќеска треба да се продолжи на пет во дуелот против Сан Антонио. Најдобриот тим од Истокот предводен од МВП Јанис Адетокумбо воопшто не се плаши од составот на Грег Попович, кој не е така доминантен како во изминатите години.

Милвоки не знае за пораз од Спарс на домашен терен повеќе од три години, а воедно добија четири од последните пет меѓусебни средби. Тој факт треба да се земе во предвид и треба да се очекува нова победа за Бакс, но треба да се погоди и збирот на поени, кој во минатите две средби одеше над 230.

Предлог тип: 1 & >227,5 поени (2.15)

- Оглас -

Најнови вести