Полноќниот експрес без мака стаса до целта – Имаме добитна петка со коефициент 15.85

Полноќниот експрес со четири погодени типови од НБА лигата и еден од НХЛ шампионатот што го одигравме за ноќеска е добитен со коефициент 15.85.

Ако го одигравте тикетот што ви го предложивме имате одлична и добитна петка во обложувалниците на Sport Life.

Полноќниот експрес лесно ја мина првата станица во сончевото дерби на Флорида. Типувавме дека големото „Саншајн дерби“ меѓу Орландо меџик и Мајами хит ќе биде со помалку поени од 209.5, а двете екипи со цврсти одбрани се погрижија за прв погоден пар на добитниот тикет на Полноќниот експрес.

Мечот заврши со победа на Орландо од 105:85, а Меџик намалија на 57:68 во победи во меѓусебниот скор со големиот ривал од Флорида.

И втората станица мина без застој, со точно погодени прогнози за двата бека на Портланд трејлблејзерс, Демиен Лилард и Си-Џеј Мек Калум.

И двајцата успешно ја натфрлија границата со плус поени и тоа без мака. Лилард постигна 33 поени во победата против Вашингтон визардс од 122:103, што е за шест поени повеќе од индивидуалнуиот тотал во поени што беше поставен во додатокот за НБА лигата во обложувалниците на Sport Life.

Истото го стори и неговиот соиграч и плејмејкер на Портланд, Мек Калум со 24 поени, за два повеќе од границата од 21.5 што се бараше во Sport Life.

Типувавме и дека Хјустон ќе ја искористи кризата кај Филделфија 76 и ќе победи за квота од 1.57, а потоа остана само НХЛ мечот меѓу Далас старс и Детроит редвингс.

Тука имавме помош и од Sport Life, со повисока квота за единица во стандардниот Супер тип, па ја искористивме можноста за да прогнозираме победа на домашниот тим за убав коефициент од 1.75.

Далас лесно ја забележа четвртата победа во низа против најслабиот тим сезонава во НХЛ лигата, а Полноќниот експрес и буквално експресно, без многу мака мина низ целта со добитен тикет од 15.85 во обложувалниците на Sport Life.

На сите што уплатија и имаат добивка им честитаме, а ние продолжуваме со Полноќниот експрес во секојдневно издание и типови на полноќните мечеви.

Очекувајте нè и денеска со пет прогнози околу 19.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести