Тренер на бугарскиот тим ЦСКА: Македонски судии дојдоа да си играат со реномето на клубот и на бугарскиот фудбал

Румен Трифунов, тренерот на тимот на ЦСКА до 19 години, кој учествува во младинската лига на УЕФА, бели дека бил згрозен од судењето на македонскиот судија Игор Стојчевски и неговите асистенти на натпреварот со белгискиот Генк кој се одигра вчера.

Бугарскиот тим поведе на самиот почеток од натпреварот, но на крајот загубија со 3-1, доби два црвени картони, додека домаќините добија и две пенали во второто полувреме.

По натпреварот, Румен Трифунов емотивно се изјасни за дуелот во бугарските медиуми.

„Навистина не знам што да кажам. Сѐ уште не можам да сфатам што се случи. Не можев ни да замислам дека на натпревар од европските клупски турнири може да има судии кои судат на ваков начин.

Ова не беше само подигрување, туку нешто многу полошо. Нема збор во речникот кој може да го опише ова што се случи. Тука, среде Белгија, во срцето на Европа, дојде судиска бригада од Македонија и се поигра со трудот на момчињата, со нашиот труд, со нашата држава и со бугарскиот фудбал како целина.

Уште во Бугарија им кажав на момчињата дека единственото нешто што се слуша за нашиот фудбал е само хејт. Само негативности и критики.

Знам, сигурен сум, дека во бугарските млади играчи има потенцијал и самодоверба. Важно е самите да поверуваат дека ги имаат тие квалитети. Денес покажаа дека можат. Дојдовме во Белгија да играме против многу силен тим како Генк, но не очекував дека ќе играме против 15 луѓе“, изјави тренерот на младинскиот тим на ЦСКА.

- Оглас -

Најнови вести