Тренер на Лион: Дај боже Лацио да биде првак на Италија, а потоа да го нокаутираме Јуве

Францускиот клуб Лион сака да го елиминира Јувентус во осминафиналето на Лигата на шампионите откако првата средба заврши со триумф на Лион од 1-0. Реваншот во Торино ќе се игра без публика, а кондицискиот тренер на Лион, Италијанецот Паоло Ронгони, посакува Старата дама да биде нокаутирана кон крајот на јули и почетокот на август.

„Се надевам дека Лацио ќе го освои Скудетото бидејќи потоа во Јувентус би имало големи кавги и недоразбирања. Ние ќе може да профитираме од тоа и на Јуве да му го нанесме последниот удар“, изјави Ронгони.

Ронгони како тренер задолжен за физичка подготовка на фудбалерите добро знае дека Јуве ќе биде во предност против Лион бидејќи францускиот тим нема да има мечеви.

„Јувентус сигурно ќе биде во подобра состојба од нас бидејќи ќе одиграат 12 официјални мечеви, ќе бидат во ритам, за разлика од нас. Единствена предност може да ни биде ако некои работи во Јуве не одат на добро и ако се создаде цунами внатре во клубот“, додава Ронгони, кој со првиот тренер Руди Гарсија работеше и во Рома.

- Оглас -

Најнови вести