7.8 C
Skopje
среда, 29 октомври 2025

Тренер роден во Струмица ќе биде наследникот на Пикси

Веќе е јасно дека Вељко Пауновиќ ќе биде новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Тренерот и Фудбалскиот сојуз се договорија, а сега се очекува уште само официјалната промоција.

Миленикот на српските навивачи ќе биде селектор на Србија, а она што е интересно, Пауновиќ е роден во Струмица, во 1977 година и сè до својата осумгодишна возраст живеел на истокот на Македонија, пред да се врати во Србија.

Пауновиќ во 2015 година стана светски шампион со репрезентацијата на Србија за фудбалери до 20 години и многумина сметаа дека уште тогаш требаше да добие шанса и во сениорската репрезентација, но еве ќе биде селектор по 10 години, откако во меѓувреме ги водеше Чикаго, Ридинг, Чивас, Тигрес и Овиедо.

- Оглас -

Најнови вести