Диего Армандо Марадона своевремено соработуваше со легендарниот италијански кондициски тренер Фернандо Сињорини, кој беше задолжен за неговата физичка подготовка, а Италијанецот сега има порака и за Лионел Меси, од кого бара итно да си замине од МЛС-лигата, која ја нарекува пародија.
„Лео мора да му даде приоритет на Светското првенство. Фатен е во ова пеколно сценарио за рушење рекорди, чија цел не ја знам, бидејќи она што сега го прави Интер Мајами не е фудбал, тоа е пародија. Три месеца пред Светското првенство треба да земе барем месец одмор, да биде со семејството за да се детоксира и да го врати гладот за голови. Мора да му даде приоритет на Светското првенство и да игра на секој меч од првата минута“, вели Сињорини.

